Европското првенство во Германија започнува во петок, а ќе го отворат домаќинот Германија и репрезентацијата на Шкотска. Натпреварот во Минхен на „Алијанц Арена“ започнува во 21 часот.
УЕФА обезбеди награден фонд за репрезентациите за ЕУРО 2024 во вкупен износ од 331 милион евра.
Секоја репрезентација ќе заработи по 9,25 милиони евра само за настап на шампионатот. За секоја победа во групната фаза од натпреварувањето репрезентативците ќе заработуваат дополнителни милион евра, а ремито вреди 500.000 евра.
Доколку репрезентацијата испадне во осминафиналето, ќе добие награда од уште 1,5 милиони евра.
Елиминацијата во четврт-финалето е вредна 2,5 милиони евра, а влезот во најдобрите четири репрезентации ќе биде награден со 4 милиони евра.
На финалистот на натпреварувањето му е загарантиран дополнителен бонус од 5 милиони евра, а новиот европски шампион ќе заработи дополнителни 8 милиони евра.
Максималната сума што може да ја заработи европскиот шампион со сите три победи во групата е 28,25 милиони евра.
Во однос на последното европско првенство, УЕФА го намали наградниот фонд. И тогаш секоја репрезентација добиваше по 9,25 милиони евра за учество, но победа во групата вредна 1,5 милиони евра, а реми 750.000 евра.
Влезот во осминафиналето вредеше 500.000 евра повеќе од еврото во Германија, а влезот во четвртфиналето вредеше 725.000 евра повеќе.
На последното евро полуфиналистите добија бонус од 5 милиони евра (сега е четири милиони).