Власта на Ковачевски бара народот да штеди, а тие направиле ршум со набавки на мебел- потрошиле 300 илјади евра за неколку месеци, обвинува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-МВР изминатиов период откако знаеле дека ќе има економска криза, наместо да прекинат со такви постапки за непродуктивни трошоци, набавиле мебел во вредност од 250.000 евра.
Маричиќ својот нов ресор го почнал со набавка на мебел и услуги за перење автомобили во вредност од 700.000 денари.
Да не остане покус од Маричиќ и Бујар Османи се подновил со мебел изминативе неколку месеци откако знаеле дека ќе има економска криза, во вредност од над 20.000 евра. Љупчо Николовски во министерството за земјоделие иако знаел дека ќе има криза наместо да им помага на земјоделците, тој си набавил услуги за перење на автомобили во висина од 470.000 денари, обвини ВМРО-ДПМНЕ.