773
Откако поднесе оставка, лидерот на Народната партија на Австрија, Себастијан Курц ќе зема значително помала плата.
Тој како канцелар, Курц примаше 14 пати годишно месечна плата во износ од 22.618 евра, а со преминувањето во пратеничката група, неговата плата ќе се намали.
Курц ќе го преземе местото на шеф на пратеничкиот клуб и неговите бруто примања на месечно ниво ќе изнесуваат 15.380 евра, што е „минус“ од 7238 евра месечно.