Колкава е ланската загуба на ПСЖ?

by Fokus

Пари Сен-Жермен (ПСЖ) минатата година работел со загуба од речиси 225 милиони евра, што во најголема мера се должи на кризата околу ТВ правата за француското фудбалско првенство и играњето пред празни трибини поради пандемијата предизвикана од корона вирусот.

Клупскиот дефицит на парискиот гигант е повисок за 80 проценти во споредба со предминатата сезона (2019/2020), кога изнесуваше 124.2 милиони евра.

Според податоците на Професионалната фудбалска лига (ПФЛ) објавени денеска, сметките на 17 од 20 француски прволигашки екипи се „во црвено“, додека во сезоната 2019/2020 со загуби работеле само десет од нив.

Вкупните загуби на француските прволигашки екипи изнесуваат 646 милиони евра, а по ПСЖ најголеми загубари се Лион (107 милиони евра), Марсеј (76 милиони евра) и Бордо (67 милиони евра)

Поврзани новости