Колкава бројка на бегалци ќе има во случај на продолжување на војната во Украина?

by Fokus

Обединетите нации се подготвуваат за до четири милиони бегалци од Украина доколку војната на Русија против земјата продолжи да ескалира. Илјадници веќе се префрлија преку границите во соседните земји, како што се Полска, Молдавија, Словачка и Русија, изјави денеска во Женева портпаролот на агенцијата за бегалци на ОН, УНХЦР. Агенцијата соопшти дека е подготвена да им пружи помош на Украинците кои бегаат.

УНИЦЕФ го зајакнува своето присуство и во соседните земји Молдавија, Романија и Полска, како и во Унгарија и Словенија. Засолништа за жени и деца ќе се постават покрај рутите на движење. Канцеларијата за човекови права на ОН соопшти дека примила извештаи за 25 убиени и 102 повредени цивили од руската инвазија во четвртокот во раните утрински часови.

Поврзани новости