Хрватски медиуми информираат дека нејзината кандидатура уште не е официјално објавена бидејќи таа сака да се фокусира на државните обврски.
Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ најави дека ќе влезе во трката за втор мандат на претстојните избори во Хрватска, јавуваат тамошните медиуми.
Хрватски медиуми информираат дека нејзината кандидатура уште не е официјално објавена бидејќи таа сака да се фокусира на државните обврски.
Колинда наводно планирала својата кандидатура ќе ја објави по обележувањето на годишнината од воено-полицијската акција Олуја на 5 август, бидејќи како што појаснила, било рано, а и не сака да ги меша државните обврски со изборната кампања.
Досега своја кандидатура за претседател објавија некогашниот премиер Зоран Милановиќ, пејачот Мирослав Шкоро, Иван Пернар и европскиот пратеник Мирослав Колакушиќ, а изборите ќе се одржат кон крајот на годината.