Претседателот на Советот за јавни обвинители на јавната расправа за Законот што се одржа во Собранието се задржа на оние делови од законскиот текст кои го засегаат самиот Совет, односно на некои недоречености, но даде поддршка на потребата од носење на законот.
Со одредбата од член 109 од Законот за јавното обвинителство спротивно на Законот за Совет на јавните обвинители, на Советот, како што вели Колевски, му се наметнува во кој правец да донесе одлука, со што се навлегува во самостојноста на Советот, во неговото овластување да го определува бројот на јавните обвинители во јавните обвинителства, конкретно во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
-Систематизацијата во јавните обвинителства, односно одлуката за зголемување на бројот на јавни обвинители во поедино обвинителство се утврдува откако ќе се прибават податоци за бројот на кривичните пријави, предмети кои се решаваат или се уште се во фаза на кривична постапка, сложеноста на предметите, времето на донесување на одлука и други параметри, смета Колевски.
Донесената одлука за систематизација, кско што посочувса тој, се носи врз оснава на анализа на овие податоци, и треба да биде одраз на реалните потреби за пополнување со јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Законот за јавно обвинителство беше изгласан во Собранието на 16-ти февруари, а ќе почне да се применува од 30 јуни 2020 година.