Колев за Бугарите на пописот: Жално е што за ова помогнал и некој во Софија!

by fokus

Претседателот на ГДУ, Петар Колев кој ги застапува правата на Бугарите во Македонија вели дека е чудо како неговата партија успеала да ги мобилизира сите Бугари попишани на пописот да гласаат за неа.

-ГДУ на Парламентарните избори освои 3555 гласа, а на пописот беа изброени 3504 граѓани кои се самоопределилe како македонски Бугари?!
Единствената заедница во Македонија која се зголемила за овие 20 години со два и пол пати е бугарската заедница. Додека сите останати заедници се намалиле со многу, само Бугарите се зголемуваат, иако не сум слушнал да имаат по 4-5 деца. Додека кај сите заедници во Македонија бројот на мажи и жени е скоро ист, кај бугарската заедница со 35% мажите се повеќе од жените.
Како дојде до таков прираст на македонските Бугари и како успеавме до последниот Бугарин во Македонија да го мобилизираме да гласа за ГДУ, вклучувајќи ги и децата, не ми е јасно, сигурно чудо е во прашање?!, вели Колев.

Тој смета дека стратегијата е да се прикаже дека бројот на Бугари во Македонија е незначителен и дека нема потреба од промена на Уставот.

-Жалното е што сето ова не се прави сам, не го направил некој само во Скопје, за ова некој и во Софија помогнал.
Најсмешни ми се „петоколонашите“ во Софија, стипендисти на чудни центри, кои цело време велат дека Македонија ја фалсификува историјата, но дека истата држава е спремна и направила фер и коректен попис.
Ајде ако пописот е фер и не е манипулиран секој граѓанин да може да си земе официјален документ како е попишан?!, вели Колев.

Поврзани новости