Државната компанија преку Македонска берза информираше дека после два месеца од формирањето на новата Влада е избран нов Надзорен одбор.
За членови се избрани: Иван Куковски, Леко Ристовски, Ерхан Рамадани, Јетмир Идризи и Стевче Антовски, а независни членови на одборот се Александар Мурговски и професорката од Машинскиот факутет Маја Аначкова.
Со истата одлука се разрешуваат досегашните членови на ова тело на ЕСМ – Слаѓана Богановиќ, Васил Коцев, Игор Петков, Сашо Додовски, Ридван Асани, Катерина Митовска Наковска и Арбен Несим.
Меѓу новите членови има двајца професори од Машински факултет во Скопје, еден вработен во ЕСМ и двајца вработени во МЕПСО.
Професори на Машинскиот факултет и колеги на премиерот Христијан Мицкоски се Маја Аначкова и Стевче Антовски кој стана познат во јавноста по критиките и обвинувањата кон РЕК Битола како како член на партиската комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.
Во надзорниот одбор е и Александар Мурговски, електроинженер, кој работи во трансформаторските станици на МЕПСО во регионот на Битола и Леко Ристовски од дирекцијата на МЕПСО. Иван Кукоски е вработен во хидросистемот на ЕСМ, инженер со долгогодишно искуство кој и порано бил дел од менаџментот на оваа компанија во периодите кога на власт била ВМРО – ДПМНЕ.
O.K.