Коледарски огнови и покрај апелите

by fokus

И покрај апелите на црковните лица и еколошките организации, граѓаните во повеќе населби во Скопје вечерва се собираат покрај оган со песна, јадење и греана ракија.

Оваа традиција е стара и граѓаните не се откажуваат од неа иако Скопје деновиве е меѓу најзагадените градови во светот.

Апел да се бојкотира оваа прослава денеска испрати и ВМРО-Народна паријата.

-Граѓаните на Скопје треба да знаат дека палењето на огнови во Македонија е донесено и наметнато за време на српската окупација.

Никогаш во македонската историска и христијанска традиција порано на ваков начин не се дочекувал Бадник, а и денеска најголем број од градовите низ Северна Македонија немаат таква традиција што значи се спротиставуваат на ваквите пагански елементи во рамките на нашето свето и православно христијанство, велат од партијата.

Поврзани новости