Колапс на лирата, Ердоган назначи нов министер за финансии

by Fokus

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган назначи нов министер за финансии откако Лутфи Елван поднесе оставка поради загриженоста за инфлацијата, падот на лирата и неортодоксните економски политики на Владата.

Разрешувањето на функционери укажува на продлабочување на јазот во администрацијата поради инсистирањето на Ердоган за намалување на каматните стапки, што може да биде високоризично коцкање пред изборите во 2023 година, пишуваат светските медиуми.

Љутфи Елван, кој се смета за последниот преостанат глас на економското православие во кабинетот на турскиот лидер, побара тој да биде ослободен од неговите должности, објави Фајненшл тајмс, истакнувајќи дека оставката дојде откако турската Централна банка објави враќање на контроверзните политики за девизна интервенција.

По неколкудневните гласини дека сака да се пензионира, поранешниот технократ беше заменет со Нуредин Небати, кој минатата недела силно јавно ја бранеше политиката на Ердоган за намалување на каматните стапки и покрај зголемената инфлација. Небати, кој беше заменик-министер за финансии три години пред неговото назначување и се смета за близок пријател на зетот на Ердоган, Берат Албајрак, рече дека Турција со години се обидувала да води политика на ниски стапки, но наишла на силен отпор, објави Радио Слободна Европа.

Лирата изгуби речиси 40 отсто од својата вредност од почетокот на септември, бидејќи Ердоган, вечен противник на високите каматни стапки, неколку пати ја притисна централната банка да ги намали, намалувајќи ја референтната стапка на 15 отсто и покрај годишните инфлација од речиси 20 проценти. Тој пристап ги поттикна предупредувањата на економистите дека Владата ризикува брза инфлација и финансиска нестабилност.

 

Поврзани новости