Коко го прослави 24-тиот роденден

by Fokus

Роден во Скопје Зоо, израснат во Холандија, а по создавањето на добри услови, заедно со друштвото повторно во Скопје. Денеска мајмунот Коко го прослави својот 24 роденден.

-Сите те сакаме и се грижиме за тебе. Прости им, што во минатото си доживеал лоши денови. Сега, тука се за тебе луѓе кои неизмерно те сакаат и целото внимание ви го посветуваат на тебе, Изи, Мими и Роси. Ти посакуваме многу убави денови, поминати со другарите и зоо негувателите кои се трудат секој момент од денот да ви го направат интересен и посебен. Да си ни жив и здрав!, му порачаа од Зоо Скопје.

Поврзани новости