505
Кока-Кола одлучи да ја затвори својата фабрика во Катанија, на Сицилија, по најавата за воведувањето такси за шеќер и пластика.
Поради таа причина, фабриката ќе се пресели во Албанија, каде таксите изнесуваат околу 15 отсто, додека пак во Италија тие достигнаа сума од над 60 отсто.
Со ваквите промени, без работа ќе останат 151 човек, а од компанијата обвинуваат дека со зголемувањето на таксите, се уништува економијата во Италија.