Која е Вјоса Османи – новата претседателка на Косово?

by Fokus

Собранието на Косово синоќа ја избра Вјоса Османи за претседателка на државата. Вјоса Османи-Садриу е родена на 17.05.1982.

Основно и средно училиште завршила во родниот град. Османи е омажена и е мајка на ќерки близначки. Покрај албански јазик, таа зборува и англиски, турски, шпански и српски јазик. Османи е професор на Универзитетот во Приштина и РИТ Косово, а предавала и како визитинг професор на Универзитетот во Питсбург.

Османи дипломирала на Универзитетот во Приштина во Косово. Во 2005 година го завршува својот магистериум на Универзитетот во Питсбург. За време на тој степен, таа двапати беше наградувана со наградата „Екселенс за иднината“ од универзитетот. Од 2009-2014 година ги завршила своите докторски студии на истиот универзитет, повторно на Правниот факултет во Питсбург.

Како универзитетски професор, таа предава курсеви од областа на меѓународното право на Косово, додека во Америка го предава предметот „Градење на државата и право: Косовското искуство“.

Османи во моментов е претседател на Комисијата за надворешни работи, дијаспора и стратешки инвестиции. Таа претходно беше претседател на Комитетот за евроинтеграции и потпретседател на Комитетот за уставни реформи на Косово.

Политичката кариера на Османи започнува во нејзините тинејџерски години, како активист на ЛДК. На 27 август 2009 година, таа е избрана за началник на Генералштабот на тогашниот претседател на Република Косово, Фатмир Сејдиу. Османи беше член на косовското собрание од ЛДК веќе три мандати, а во последните два мандати беше најгласана жена на Косово.

Таа е позната по својот придонес во независноста на Косово. Таа служеше како претставник на Косово во случај во Меѓународниот суд на правдата, каде ја бранеше законитоста на независноста на Косово.

Со 71 глас „За“ и 11 воздржани, Вјоса Османи синоќа беше избрана за нова претседателка во Косово со 5-годишен мандат.

Поврзани новости