Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија се во брак 20 години.
„Има нешто во неа, таа е силна жена, но во исто време ја има оваа понежна моќ. Навистина е добра во одржувањето рамнотежа со нејзиниот сопруг“, изјавила официјалната фотографка на првата дама на САД, Регина Махаук за списанието Hello!
Махаук исто така призна дека понекогаш се прашува како 54-годишната Меланија воопшто има храброст да продолжи.
„Тие поминаа низ толку многу. Таа е посветена, го сака него и тој ја сака неа”, вели фотографката, која верува дека поранешната манекенка нема проблем да остане надвор од центарот на вниманието и да се фокусира на благосостојбата на нејзиниот 78-годишен сопруг и нивниот 18-годишен син Барон.
„Секогаш е на вистинското место, секогаш стои зад нејзиниот сопруг. Целото внимание е насочено кон него, не ѝ треба на неа. Таа е многу добар “број два”. Нејзиниот сопруг секогаш е на прво место и тоа ми се допаѓа, има силни семејни вредности, важно ѝ е да биде добра сопруга и се грижи сите да бидат среќни”, смета Махаук.
Меланија, наводно, сега е сосема поинаква отколку што беше за време на првиот мандат на нејзиниот сопруг во Белата куќа пред осум години.
„Таа отсекогаш била многу вклучена во сè, но денес е послободна во своите изјави. Сега е поинаква отколку пред осум години и секогаш била верна на себе. Овојпат тоа е поинаква енергија, со нови луѓе со кои Трамп се опкружил”, објаснува фотографката.
Првата дама на Америка, исто така, има репутација дека е исклучително љубезна кон својот лојален тим на персоналот.
„Кога првпат почнав да работам за г-ѓа Трамп, ја подготвував нејзината облека за да ја пробам и ја видов како ги става чевлите во куфер. Веднаш ѝ реков дека не може да го прави тоа и дека тоа е моја работа, а таа ми рече: „Секогаш така се пакувам за да знам што има во мојот багаж“. „Ќе ви свари и кафе. Значи, ако мислите дека таа е некоја жена опкружена со слуги, грешите“, откри нејзиниот стилист Ерве Пиер, според Page Six.
Блиските соработници ја сметаат Меланија за љубопитна и внимателна личност, која го цени слушањето и учењето од другите за работи за кои не е запознаена.
Меланија Трамп привлече големо внимание на инаугурацијата на нејзиниот сопруг со нејзиниот моден избор – темносино палто и капа што го сокри нејзиното лице. Со неа ја истакнала својата индивидуалност, тврдат блиски луѓе.
„Не ѝ е грижа. Таа е нечитлива, неразбирлива – и тоа ѝ се допаѓа“, изјави тогаш модната новинарка и историчарка Ненси Мекдонел за Page Six.
„Изгледот се чини дека и кажува – јас сум беспрекорна и имам контрола. Таа покажа дека овој пат ќе ги прави работите на свој начин и нема да гледа назад“, велат тие.
Меланија дури и претходно призна дека не секогаш се согласува со сè што прави нејзиниот сопруг.
„Не се согласувам секогаш со она што го кажува или прави мојот сопруг, и тоа е во ред“, изјави таа за Фокс њуз во јануари. „Јас му давам мои совети, а понекогаш тој ме слуша, понекогаш не“.
Меланија исто така појасни дека таа и нејзиниот сопруг не се еден ентитет и дека таа е многу повеќе од само сопруга на Доналд.
„Можеби не ме разбраа на начин како што сега би ме разбрале и немав голема поддршка. Можеби некои луѓе ме гледаат само како сопруга на претседателот. Но, јас стојам на свои нозе, независна сум. Имам свои размислувања и мислења”, рече тогаш таа.
Меланија и Доналд, кои се во брак од 2005 година, на 22 јануари ја прославија 20-годишнината од бракот. Таа сега ќе го поминува времето меѓу Вашингтон, Мар-а-Лаго и Трамп Тауер во Њујорк, каде што учи нејзиниот син.
„Мојот приоритет е, знаете, да бидам мајка, да бидам прва дама, да бидам сопруга и почнувајќи од 20 јануари, ќе ѝ служиме на нашата земја“, рече Меланија Трамп.