Медиумите низ светот пишуваа за разделбата на 47-годишниот глумец Леонардо ди Каприо и 25-годишната Камила Мороне по четири години романса.
Но сега се појавија информации дека актерот е во нова врска повеќе од еден месец. Уште во јули бил фотографиран со девојката, 22-годишната украинска манекенка Марија Берегова. Парот влегол во објективите на папараците додека се релаксирал на јахта во Сен Тропе.
Познато е дека 22-годишната Марија Берегова е ќерка на влијателен украински бизнисмен и наследник на фармацевтски бизнис. Девојката пораснало во Швајцарија, а моментално студира во Велика Британија. Таа неодамна се развела од 30-годишен арапски бизнисмен. Нејзиниот поранешен сопруг се занимава со недвижнини и мода во Монако и е внук на Муамер Гадафи.