Која е најголемата награда за Шекеринска?

by fokus

Американската амбасадорка Кејт Мери Брнз денеска и предаде американско знаме на министерката за одбрана Радмила Шекеринска, како знак на заслуги за одбранбената соработка меѓу Северна Македонија и САД, на церемонија во Скопје што започна со интонирање на химните на двете земји.

Зад денешниот чин и заедничкото пријателство и сојузништво, како што посочи министерката, стојат повеќе од 41-заеднички изведена вежба со приближно пет илјади припадници на нашата и повеќе од три илјади припадници на Армијата на САД, 100-тина школувања и обуки, заедничките планови и видливите резултати во Криволак, проектите за модернизација на Вооружените сили.

– За министер за одбрана не постои поголема награда од тоа да работиш и да учествуваш во двата историски резултати од последните две пандемиски години – членството во НАТО во 2020 година и целосна воена интеграција со Алијансата во 2021 година. Овие успеси се наша национална гордост, но тие имаат силен печат од нашиот сојузник и зад нив стои силна американска поддршка и помош. Благодарам што останавме со нас и покрај нас, благодарам што верувавте и кога ние ја губевме вербата, благодарам што постојано дававте поддршка на Министерството, Армијата и на нашата држава, нагласи Шекеринска.

Поврзани новости