Фатмата е мртва. Таа, измината среда беше застрелана од страна на полицијата во Северна Македонија, само што ја помина границата на Грција, држава која што ја одби за азил и ја направи невидлива, нечовек. Невладината од Италија „Second tree“ ја објави приказната за мигрантката од Сиера Леоне која полицаец со службен пиштол ја застрела кај касарната во Гевгелија во турканица за оружјето со шверцерот.
– Таа беше многу заљубена во својот сопруг, Абу Бакар. Тие се познаваат уште од деца и честопати еден на друг си велеа: „Ти си ми се! “
Толку видливо беше дека се сакаат што на шега им велевме: „ Се надевам дека ќе најдам некој кој ќе ме сака на тој начин!
Два месеци пред да биде убиена, Фатмата му кажала на Абу Бакар дека е бремена. Немаа документи ниту пари за тест. Абу уште не знае дали нивното прво дете почина со сопругата.
Абу Бакар беше со Фатмата кога ја застрелаа. Таа го извикала неговото име а, потоа тој молел за помош. Видеото на кое се гледа Абу Бакар како ја гушка Фатмата и го извикува нејзиното име додека таа крвари на подот од прострелната рана, остава само празнина.
Му беа ставени лисици на рацете, го возеа неколку часа и ставија во притвор еден ден без информации за неговата сопруга. Потоа, му било понудено да го превезат и остават на границата со Србија за да го продолжел патот. Секако, тој сакал да остане и рекол: „Сакам правда за Фатмата“.
Од нашиот тим, Џовани и Џулиет се со Абу Бакар во Северна Македонија. Тој се уште не знае каде е телото на Фатмата и бара да ја види од денот кога ги разделиле. Тој има адвокат и решителност да бара правда. Ние ќе направиме сеʹ што е можеме да го поддржиме него и семејството на Фатмата.
Абу Бакар ја избра фотографијата за оваа објава. Тој ја направи фотографијата пред да заминат за да има спомен од тој ден. Откако ја направи фотографијата, Фатмата му рекла: „Сите врати сега ни изгледаат затворени ама друга врата ќе се отвори за нас. Иднината ќе биде добра“.
Кога прв пат го прашавме Абу Бакар што ти треба највеќе во моментов. Тој рече: „Сакам светот да дознае за ова“. Истата изјава ја добивме од страна на семејството на Фатмата која е најмлада од своите 5 браќа и сестри. На вести ќе прочитате само „млад мигрант“ застрелан од страна на полицијата но, луѓето кои ја сакаат Фатмата сакаат сите да знаат дека зад таа празна етикета стои бесценет и уникатен карактер.
Последиот пат кога разговаравме со Мариату, мајката на Фатмата, таа не замоли нас и го моли светот: „Ве молам, ве молам не ја заборавајте“, пишува во објавата на невладината.
По наредба на обвинителството во Гевгелија телото на Фатмата беше предадено на обдукција. Инцидентот во кој настрада Фатмата се случи минатата среда, двајца криумчари на мигранти се уапсени, но нема информации за истрагата и што е утврдено ниту пак е објавено каде и кому е предадено телото на младата жртва.