Која е Маријана која исчезна: Поради љубов ја осуди цел регион, освои 100.000 евра, па се вработи како келнерка

by fokus

Маријана Чврљак, младата жена која што стана популарна во регионот во 2011 година, како учесничка во реалното шоу ,,Голем брат”, од вчера повторно е во центарот на вниманието. Нејзината фотографија е објавена на страницата на хрватското министерство за внатрешни работи, во делот за исчезнати лица.

Исчезнувањето го пријавил нејзиниот сопруг Карло Шеиферт, со кого таа има 2-годишен син. Излегла од дома додека тој спиел, а нејзините лични предмети биле пронајдени покрај мостот ,,Младост” во Загреб.
Од вчера се пребарува реката Сава и целата околина, со цел да се најде Маријана.

Јавноста која го следеше шоуто се сеќава на нејзината љубов која и се случи пред очите на целиот регион. И покрај тоа што во тоа време беше во брак од кој има ќерка, таа се вљуби во оперскиот певец Никола Немешевиќ – Немеш, кој исто беше еден од учесниците во шоуто.

Нивната врска која се одвиваше пред ТВ камерите беше бурна. Таа заврши како победник во шоуто и освои околу 105.000 евра, но по излегувањето Немеш не ја чекаше, бидејќи во меѓувреме негови пријатели и роднини му посочиле дека не е вистинската жена за него.

Сепак, ја обновија врската, и се венчаа по пет години. Бракот траеше кратко, по осум месеци објавија дека се разведуваат, но останаа интервјуата во кои Маријана раскажуваше дека Немеш е човекот кој за неа е идеален, и како во него пронашла се што и треба во животот.

Околу освоената награда од шоуто, очигледно беше дека парите бргу се потрошиле, па во последните години таа работела како келнерка и се свртела кон верата и духовноста.
Сегашниот сопруг Карло го запознала пред неколку години, и заедно со нивниот син живееле во Загреб.

Детален опис околу тоа како била облечена кога се оддалечила од домот е објавен во речиси сите регионални медиуми, а семејството апелира за било каква информација која може да доведе до нејзино пронаоѓање.

Вики Клинчарова

Поврзани новости