Која е актерката од „Преспав” која се „трансформираше” во Мајкл Џексон?

by fokus

Преслава од популарната хумористична серија ,,Преспав”, односно бугарската актерка Јана Маринова објави фотографија на која се ,,трансформирала” во легендарниот поп музичар Мајкл Џексон.

Многумина на прв поглед не сфатија за што се работи, но актерката појасни дека станува збор за дел од сценариото на музичкото шоу ,,Како две капки вода”, каде јавни личности се трансформираат во познати пејачи и настапуваат со нивни песни.

Слично шоу во регионот беше ,,Твоето лице звучи познато”, каде се појавија голем број на наши популарни пејачи, како Елена Ристеска, Даниел Кајмакоски, Тијана Дапчевиќ…

Како што појаснува Маринова, Мајкл Џексон бил нејзиниот омилен пејач и среќна е што за кратко се нашла во ,,неговата кожа”.

Актерката ја игра главната улога во бугарскиот филм ,,Диви и среќни”, филм кој беше на репертоарот во киносалите во Македонија. И ,,Преспав” се емитуваше во Бугарија, на БТВ.

Во постаро интервју раскажа дека многу ја сака Македонија, виното и македонската музика, како и дека мечтае да заигра во македонски игран филм.
За колегите од ,,Преспав”, раскажуваше дека е среќна што имала можност да игра заедно со талентирани актери.

Вики Клинчарова

Поврзани новости