673
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки да одговори која е неговата поврзаност со луѓето со качулки на протестите и дали координирал поранешни припадници на Армијата во црните и крвави сценарија, побара пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.
-На крај ќе ви кажам дека сте кукавици, кукавици сте бидејќи манипулирате со 18 годишни момчиња, исто како што манипулиравте на 27 април сé со цел да остварите некој политички поен. Кукавици сте затоа што се криете зад Левица и заедно со нив одработувате за туѓи центри на моќ, кои не и мислат добро на оваа држава. Кукавици сте затоа што освен црни сценарија поделби, омраза, злоба, не знаете ништо друго – рече Каевски.