Кој си купи влезници од 2.500 евра за концертот на Мерлин?

by Fokus

Во Порто Монтегро јахт клубот, во Тиват, Црна Гора, се одржа спектакуларниот концерт на музичката ѕвезда Дино Мерлин, за кој се продаваа влезници по цена од 2.500 евра.

Иако кога беа објавени вртоглавите цени на влезниците, односно на пакетите со шише шампањ и ВИП софа за пет лица, јавноста беше во шок и прашуваше зар некој би издвоил сума од 2.500 евра за да присуствува на концерт, сепак истите биле распродадени за кратко време.

Од фотографиите и видео снимките кои се објавија по концертот, може да се види дека во ВИП делот помеѓу гостите има звучни имиња.

Тенисерот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена се помеѓу најрасположените, актерката Марија Каран, кошаркарот Тадија Драгичевиќ, новинари и многу бизнисмени од регионот, биле дел од веројатно најскапиот музички настан на Балканот кој се случи ова лето.

За оние љубители на музичарот пак, кои се одлучиле за поевтина варијанта, се нудеа пакет влезници по цени од 850, 750 или 500 евра, во зависност од локацијата на коњопојот и избраното шише пијалок.

Мерлин (Ервин Делишхалидовиќ), важи за една од најголемите музички ѕвезди во регионот. Во Македонија за последен пат настапи на дочекот на новата 2020 година, на плоштадот во Скопје.

Вики Клинчарова

Поврзани новости