Кој преговараше со Турците за милионскиот тендер за прочистителната станица?

by Fokus

Пред десетина дена, на порталот „Инфомакс“ излезе текст во кој пишуваше дека до тогаш сѐ уште актуелниот директор на „Водовод и канализација“, Златко Перински мести тендер за изградба на пречистителна станица во Скопје за 160 милиони евра. Ова беше само дел од насловот, во кој дополнително беше додадено дека станува збор за поранешниот шеф на кабинет на опозицискиот лидер Христијан Мицкоски.

Од овој текст можеа да се предвидат случувањата во следниот период, поточно сѐ што почна да се случува  во понеделникот, откако и официјално дојде до кавга меѓу актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ.

На сите страни летаа обвинувања, кој и како го мести тендерот од 136 милиони евра за пречистителната станица и кој сака да дојде до провизија од оваа бизнис-зделка?

Овој проект е финансиран од средства на Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој, од кои, од вкупната сума, околу 70 милиони евра се неповратни пари.

Во битката за тендерот  конкурирала и француска компанија, која подоцна не доставила понуда, но затоа во игра останале турско-американскиот конзорциум и германската фирма со австриски капитал.

Само еден ден по излегувањето на текстот, поточно по само 24 часа, Арсовска експресно го разреши директорот на „Водовод и канализација“, обвинувајќи го дека го местел милионскиот тендер.

„Фокус“ поразговара со повеќето засегнати страни во приказната, од каде што првичните информации се дека Арсовска наводно „навивала“ за турската фирма да го добие тендерот за пречистителната станица, бидејќи според опозиционерите, таа тврдела дека тие имаат пониска понудa. Од каде се знаат тие информации, кога понудите воопшто не се отворени?!

Нашите извори тврдат дека Турците уште претходно се наметнувале да го земат тендерот, со тоа што уште пред неколку години, во една пригода доставиле непристојна понуда, но биле одбиени. Сега се повторно во центарот на вниманието, а тоа на советничките прашања го потврдија и од опозициската партија каде што индиректно тврдеа дека Арсовска преговарала веќе со нив.

Советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Луке Галески од говорницата ја праша дали имала контакти со турски државјанин, кој е поврзан со турската фирма што учествува на тендерот?

Дали го знаете овој лик? Не би сакале по една година да се сетите во обвинителството на овој лик. Дали за ова баравте промена на комисијата за евалуација? Од каде знаевте дека понудата на турската компанија е пониска“, праша советникот Галески.

Исто така, според нашите информации, блиска роднина на Арсовска, уште пред да пукне скандалот, со Турците преговарале за бизнис-зделката, но сега, по последните случувања, работата баш не оди како што е замислена. Посебно, што сето тоа доби и голем одѕив во јавноста.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Ирена Мулачка

 

Поврзани новости