Новинари, актери, унивезитетски професори беа дел од говорниците кои вечерва застанаа пред платото пред Владата и зборуваа зошто не треба да се прифати модифицираниот фрнацуски предлог кој беше објавен и кој треба да биде чекор до кревање на ветото на Бугарија за почеток на преговорите на земјава со ЕУ.
Спортскиот новинар, Тони Стојановски порача дека Македонците се исправен пред тешка задача.
-Македонци мои ние сме исправени пред тешка задача. Да љубиме безусловно а да ни поставуваат услови. Да почитуваме безгранично, а да ни поставуваат граници. Да сме подготвени на компромиси, а да ни нудат ропство. Вечерва им велиме нон пасаран, рече тој.
Универзитетската професорка, Наташа Трајкова Котлар цитираше зборови од Горан Стефановски: „не чепкај тука, кога ќе спечалиш и кога ќе заработиш, тогаш можеш да продаваш, а ова е наше, народно и македонско“.
Со кое право и според кои Европски стандарди ние Македонците треба да се откажеме од својот јазик, историја и така обезличени да си го спечалиме влезот во Европската Унија, праша Јелка Јачева Улчар од Институтот за македонски јазик.
-Неприфатлива треба да биде и за оние кои сакаат да го потпишат овој предлог и да го стават во заложништво својот народ и својот основен идентитетски осовен столб македонскиот јазик, кажа Јачева Улчар.
Актерот и пејач и кандидато за градоначалник на Скопје од „Левица“, Петар Георгиевски-Камиказа порача дека дава ни педа од оваа земја. -Не даваме педа од оваа земја, не даваме педа од тоа што е наше и со крв спечалено. Имаат ли они некоја песна со која може да се пофалат кај што се пее за Бугарите? Нема, значи што немаат? Тоа што сакаат да ни го земат, рече Камиказа.
За утре е најавен нов протест во исто време на исто место.