Вечерва на МРТ1 ќе биде соопштено кој ќе биде нашиот евровизиски претставник на настанот кој ќе се одржи во мај во Италија, а во меѓувреме на популарниот евровизиски медиум eurovisionworld.com актуелна е анкета на која светската јавност дава одговор на прашањето кој би требало да претставува Македонија.
До објавата на веста, во анкетата се вклучиле над 4.000 лица, а спред резултатите, најмногу од нив гласале за Андреа.
Таа има 32 проценти од гласовите, зад неа е Лара со 30 проценти, Виктор со 25%, Јон Ајди со 7% и Кали и Рис Флауер имаат по три проценти.
Андреа која според анкетата е во благо водство, се натпреварува со песната ,,Circles”. Таа е на сцената околу две години, и соработува со продуцентот Александар Масевски, кој случајно слушајќи ја на социјалните мрежи, го препознал нејзиниот талент.
Вики Клинчарова