Кој кого снимал во новите „бомби“ меѓу Груевски и Камчев?

by fokus

Откако вчера не Јутјуб беа објавени разговори меѓу поранешниот премиер Никола Груевски и бизнисменот Орце Камчев, чија автентичност денеска ја потврди и Груевски, се наметнува прашањето кој снимал?

Според еден од свиркачите кој го откри скандалот со масовното прислушување додека Груевски беше премиер, а кој беше дел од УБК, Ѓорѓи Лазаревски, според квалитетот на снимките, не станува збор за прислушувани разговори од систем за легално следење на комуникациите.

По мене, овој, претпоставувам телефонски, разговор не е снимен во систем за легално следење комуникации бидејќи во таков случај квалитетот на снимката би требало да биде еднаков од двете страни. Мој прв впечаток, од тоа што го чув на некој од порталите, е дека едната страна е значително погласно и поквалитетно снимена, вели Лазаревски.

Во објавените разговори Камчев му говори на Груевски за исказот што го дал пред обвинителството, истакнувајќи дека рекол оти Груевски немал никаква врска со нив.

Груевски џабе го спомнувате во оваа работа…Навистина никој те нема спомнато во изјавите. Освен Ристе (Новачевски), никој друг нема… Кога јас и ти сме зборувале за плацеви и за оваа работа? Никогаш во живот. Епа што да ти кажам Никола, ако треба да лажам, да зборам дека си ми кажал нешто, говори Камчев.

Потоа, тој ја споменува и обвинителката во случајот Лиле Стефанова, посочувајќи дека во секој предмет таа му е обвинител.

К.С.Б.

Поврзани новости