580
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) донесе одлука да поднесе иницијативи до Јавното обвинителство за покренување постапки за гонење на одговорните лица на општините Петровец, Сарај, Брвеница и Чаир и на Државното правобранителство, за склучените договори за дело со новинарката Бесмира Ејупи.
Катица Николовска од Антикорупциската комисија денеска даде свое објаснување за ваквата постапка.
„Имајќи предвид дека нашиот закон во член 2 вели дека под корупција се подразбира злоупотреба на функција јавно овластување службена должност или положба за остварување корист директно преку посредник за себе и за други, јасно е дека за овие ситуации постои таква можност за кривично гонење“, рече Николовска.