Министрите за надворешни работи на членките на НАТО оваа недела во Прага разговараа за прашањата од агендата на Алијансата, а една од темите меѓу нив била кој би можел да биде наследник на Јенс Столтенберг на функцијата генерален секретар на НАТО, пишува Euronews.
Тој на функцијата е од 2014 година и веќе има 4 продолженија на мандатот.
Процесот на избор на неговиот наследник не е едноставен. Позицијата генерален секретар на НАТО е една од најпрестижните во светот, но за неа нема точна листа на работни места, како и листа на потребни квалификации.
Генералниот секретар е највисокиот државен службеник на НАТО, а се избира со консензус на членките на воениот пакт. Историски гледано, отсекогаш бил некој кој дејствува како портпарол и регрутира меѓународен персонал, пишува меѓудругото Euronews.
Многу имиња околу прашањето за наследникот на Столтенберг. Претходно фаворити беа данската премиерка Мете Фредериксен и поранешниот британски министер за одбрана Бен Валас, но потоа тие без дополнително објаснување се повлекле од трката.