Кој гради во Кисела Вода, каде се запали трафостаницата?!

by Фокус

На булеварот „Борис Трајковски” изминатиов период, од страна на непознат инвеститор, интензивно се изведуваат градежни активности спроти големата трафостаница, која скоро беше зафатена со пожар, поради што половина Скопје остана без струја, обелодени Левица.

„На градилиштето не е истакнато информативна табла, што е спротивно на Законот за градење – кој предвидува задолжително поставување на информативна табла со име, назив, вид на градба, како и број и датум кога е издадено одобрението за градбата. Дали постои причина за овие информации не бидат достапни за јавноста? Дали е ова почеток на нова тајна урбанистичка авантура?“, прашаа од Левица.

Членот на Советот на Општина Кисела Вода од Левица – Донче Мишовски, на изминатата седница на Советот го обелодени овој проблем пред градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и побара инспекциските служби да извршат инспекциски увид.

Поврзани новости