1K
Некогашниот македонски репрезентативец, Агим Ибраими, во вчерашното гостување во емисија на ФФМ, говореше за борецот од средниот ред на нашата селекција, Аријан Адеми.
Тој се присети и на моментот кога почнал да го убедува Адеми да го прифати повикот на нашата репрезентација.
„Сакавме да биде дел од репрезентацијата на Македонија. Со татко ми го убедувавме да дојде затоа што знаевме дека може многу да помогне, а сега гледаме дека сме биле во право. Тој не сакаше, што е нормално затоа што бевме 110. репрезентација на ранг листата на ФИФА, но чекор по чекор, успеавме да го убедиме“, изјави Агим Ибраими.
Фото – ФФМ