1K
Вчера се одржа финалето на 65-то издание на Евросонг во Ротердам, а победата ја однесе Италија со рок групата ,,Меинскин” и песната ,,Ziti e buoni”, за која освои дури 524 поени.
Нашиот претставник Васил Гарванлиев, кој настапи на првата полуфинална вечер и не успеа да се пласира во финале, освоил само 23 поени.
Со тоа, од 16 учесници на првото полуфинале, тој завршил на 15-то место. Поените кои ги освоил доаѓаат од Хрватска – еден поен, Ирска – два поени, Романија – осум поени и 12 поени од Словенија.
Македонија досега настапила 20 пати на музичката манифестација. Нема ниту една победа, но ниту еднаш и не завршила последна. Најголемиот успех го имаше со Тамара Тодевска во 2019 година, кога се најде на високото седмо место.
Вики Клинчарова