Политиката на блокади на антиЕУ ДПМНЕ и Мицкоски го блокира и евоинтеграцискиот пат на државата, обвинува СДСМ.
„Пораките од Брисел можеа да бидат сосема поинакви, победнички, да се објави дека државата продолжува со отворање на поглавјата од сите кластери од преговорите со ЕУ, дека продолжува нашиот евроинтеграциски пат. Но, се потврди дека единствен кочничар на државата е анти-ЕУ, анти-НАТО и проруската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Тие се виновни што не отвораме поглавја. Неисполнувањето на обврските за уставни измени е кочница на понатамошниот пат кон ЕУ“, соопштија од партијата.
Пратеникот и портпарол Дарко Каевски рече дека поради блокадата на ВМРО-ДПМНЕ ДПМНЕ и Левица во македонското Собрание земјава не го продолжи отворањето на поглавјата.
-Можеше нашата татковина и сите нејзини граѓани да бидат најголеми победници, да продолжиме со отворање на поглавјата од сите кластери од преговорите со ЕУ. Христијан Мицкоски по кој знае кој пат ги стави своите лични лични интереси пред интересите на македонскиот народ и граѓаните кои живеат во Македонија. Oд партија поддржувач на евроатлантските интеграции Мицкоски ја претвори ДПМНЕ во најголем кочничар на нашите интеграции – рече Каевски.
Според ВМРО-ДПМНЕ, пак, Македонија е во очајна ситуација поради погрешни политики.
-Одлуките на вчерашниот Самит во Брисел покажаа дека Ковачевски и Османи водејќи погрешна надворешна политика ја донесоа Македонија во очајна ситуација – изјавија од ВМРО-ДПМНЕ.