Кој е Убиецот од Тексас: Бил агресивен и го малтретирале во училиште

by fokus

Тинејџерот Салвадор Роландо Рамос (18), кој уби 19 деца и двајца возрасни во основно училиште во Тексас, бил жртва на малтретирање. Освен што убиваше во училиштето, тој ја застрелал и сопствената баба пред нападот и тешко ја повредил.

Американските медиуми разговараа со неговите пријатели и луѓе кои го познаваа. Рамос работел како ноќен менаџер во ресторанот Венди во Увалде.

- Advertisements -

Њујорк тајмс разговараше со неговите колеги од работа. Рекоа дека никој навистина не го познава Рамос добро и дека тој главно бил оддалечен.

Родителите на еден од пријателите на напаѓачот го опишаа Рамос како сериозен и лут. Велат дека биле изненадени дека младиот човек бил способен за такво насилство.

„Вашингтон пост“ ги цитира неговите пријатели и роднини кои го опишуваат како осамен млад човек кој бил малтретиран како дете поради говорна мана.

Рекоа дека Рамос имал проблеми дома, како и дека често се карал со мајка му, која наводно е наркоманка.

Рамос наводно го напуштил училиштето по повеќекратно малтретирање.

-Многу пропушти за време на средното училиште, не посетуваше настава. Не требаше оваа година да дипломира кај нас, рекоа неговите колеги од училиштето.

– Пред околу една година Рамос на социјалните мрежи објави фотографии од автоматски пушки од неговата листа со желби… Пред четири дена објави слики од две пушки и во описот изјави дека тоа е негово оружје, објави Вашингтон пост зборовите на еден од пријателите на напаѓачот.

Вооружениот напад во Увалде, малата општина на околу еден час од границата со Мексико, е најсмртоносниот инцидент во американско училиште во последните години и последен во серијата крвави насилства со оружје во Америка.

Во нападот во училиштето, во кое учат повеќе од 500 деца, главно од шпанско потекло и со неповолна економска ситуација, повредени се повеќе од десетина деца.

Поврзани новости