Министерството за внатрешни работи ја објави биографијата на новиот директор на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, кој седна на директорското столче на кое претходно седеше Митко Чавков.
Велковски дипломирал на Факултетот за безбедност – дипломиран криминалист. Вработен е во Министерството за внатрешни работи од 01 март, 1991 година.
Во текот на работната кариера извршувал работни задачи на повеќе позиции во Министерството за внатрешни работи и Агенција за разузнавањеб и тоа: Водич на безбедносен сектор во МВР до 1992; командир на полициска станица за безбедност во патниот сообраќај; виш инспектор за дежурни служби до 2001 година; заменик командир на полициска станица за безбедност во патниот сообраќај во Скопје, помошник за работи на полиција (шеф на униформирана полиција) во Скопје до 2003 година, началник на СВР-Велес до 2004 година; помошник директор воедно и шеф на кабинет на директорот на БЈБ до 2004 година, бил директор на БЈБ во МВР до 2004 година.
Во Агенцијата за разузнавање бил распореден на повеќе работни места како главен оперативен разузнувач… До 2002 год. бил припадник на ПЕП (Посебните едниници на полиција) при што учествувал во многубројни акции и операции при нарушен јавен ред и мир, посетувал обуки поврзани со професионалниот ангажман.