Кој е идентитетот на осомничените за убиството на Вања, чии иницијали МВР и Обвинителството не ги соопштуваат

by Fokus

Љупчо Палевски познат и како Палчо е осомничениот кој според истрагата, стои зад двојното убиство извршено во Велес (каде е убиен 74-годишниот фризер Панче Жежовски)и во Скопје (каде е убиена 14-годишната Вања Ѓорчевска). Палевски е недостапен и најверојатно отпатувал од државата.

Меѓу осомничените е и штипјанецот Влатко Кешишов, тој е приведен и уапсен. Трет осомничен е Велибор Манев, кој исто така е приведен.

Притвор се бара и за третиот приведен Боре Видевски од Велес, тврдат извори на Телма од истрагата.

Осомничените имале блиски релации со Палевски-Палчо преку минорната радикална „Десна партија“ и на нивните фејсбук профили имаат заеднички фотографии со Палевски.

Во полициска станица е и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски кој е на распит и е повикан денеска.

 

Поврзани новости