Кој членува во владиниот совет за реформи во правосудството?

by Фокус

Универзитетските професори Љубомир Фрчкоски, Мирјана Најчевска, Гордан Калајџиев, Борче Давитковски, Беса Арифи, Мерсим Максути, домашните судии Наташа Габер Дамјановска, Фаик Арслани, Бурим Сејдини, Сурим Сејдини, Шефајет Хајдари, Илир Сујемани, но и меѓународните судии Маргарита Цаца Николовска и Мирјана Лазарова Трајковска, ќе бидат дел од Советот за реформи во правосудството, на чие чело ќе бидат министерот за правда Билен Саљији и неговиот заменик Оливер Ристовски.

Дел од членовите на на овој совет, кој треба да изгради независен, непристрасен, професионален и ефикасен судски систем, потврдуваат дека од Министерството за правда добиле решение дека ќе бидат членови во овој Совет.

Од Министерството не откриваат кога ќе почне да функционира овој совет и кои ќе бидат неговите конкретни задачи и надлежности.

 

Поврзани новости