Универзитетските професори Љубомир Фрчкоски, Мирјана Најчевска, Гордан Калајџиев, Борче Давитковски, Беса Арифи, Мерсим Максути, домашните судии Наташа Габер Дамјановска, Фаик Арслани, Бурим Сејдини, Сурим Сејдини, Шефајет Хајдари, Илир Сујемани, но и меѓународните судии Маргарита Цаца Николовска и Мирјана Лазарова Трајковска, ќе бидат дел од Советот за реформи во правосудството, на чие чело ќе бидат министерот за правда Билен Саљији и неговиот заменик Оливер Ристовски.
Дел од членовите на на овој совет, кој треба да изгради независен, непристрасен, професионален и ефикасен судски систем, потврдуваат дека од Министерството за правда добиле решение дека ќе бидат членови во овој Совет.
Од Министерството не откриваат кога ќе почне да функционира овој совет и кои ќе бидат неговите конкретни задачи и надлежности.