Осамен млад вљубеник во оружје е посочен како „кртот“ што ги обелодени тајните документи на Пентагон што содржат чувствителни информации за националната безбедност на САД и на нивните сојузници.
Извор на весникот „Вашингтон пост“ тврди дека со мажот на возраст од дваесетина години, идентификуван како О Џи, учествувал во групна средба на медиумската платформа Дискорд на која биле „споделувани емоции за оружје и воена опрема“.
По неколку месеци дружење О Џи почнал да споделува информации што прилегале дека се транскрипти од строго доверливи државни документи.
-Имаше транскрипти од доверливи разузнавачки документи, за кои О Џи тврдел дека ги донесол дома од воената база во која работел и која одбил да ја посочи. О Џи тврдеше дека е во безбеден комплекс во кој е забрането користење мобилни телефони и други електронски уреди за да не може да бидат преземени документи од владина компјутерска мрежа или да бидат испечатени – раскажал изворот на „Вашингтон пост“.
Тој решил да споделува документи на својот сервер на Дискорд, мрежа популарна меѓу гејмерите, за „полесно да се надмине осаменоста поради пандемијата“.