582
И денеска затворени за сообраќај се улицата „11-ти Октомври” на потегот од бул.„Кочо Рацин” до ул.„Димитрије Чуповски” и ул.„Даме Груев” на потегот од ул.„Македонија” до ул.„11-ти Октомври”.
Сообраќајната полиција не дозволува влез на автомобили по овие градски сообраќајници поради демонстрациите кои се најавени и за денеска пред Собранието на Македомнија, како и заради кампот под шатори на дел од демонстранти кои од завчера престојуваат пред зградата на Собранието.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите од страна на униформираните полициски службеници.