Велика Британија не испратила покани за крунисувањето на кралот Чарлс Трети до лидерите на голем број земји, вклучувајќи ги Русија, Белорусија и Иран, јавува Ројтерс, повикувајќи се на свои извори.
Меѓу земјите чии лидери не добија покана за церемонијата се Мјанмар, Сирија, Авганистан и Венецуела.
Беа испратени покани до шефовите на дипломатските одделенија како Северна Кореја и Никарагва.
На крунисувањето во Вестминстерската опатија беа поканети вкупно 2.200 гости, меѓу кои и шефови на држави и претставници на кралските семејства.
САД на крунисувањето ќе ги претставува првата дама Џил Бајден, а Кина од потпретседателот Хан Женг.
Од шоу-бизнисот актер Том Круз и актерката Џоан Колинс се последните во низата кои ќе присуствуваат на концертот во чест на крунисувањето на Чарлс Трети на 7 мај, пишува „Би-би-си“.
Концертот во недела ќе се одржи во замокот Виндзор пред 20.000 луѓе, а ќе го пренесува телевизијата и радиото „Би-Би-Си“.
Ќе бидат претставени и претходно снимени видеа за кои се вели дека откриваат помалку познати факти за монархот.
Концертот ги вклучува и Take That, Кети Пери, Лајонел Ричи, Андреа Бочели, Сер Брин Терфел.
Ќе присуствуваат и музичарите Палома Фејт, Оли Мурс, рок гитаристот Стив Винвуд, Никол Шерцингер од Пусикет Долс и кинескиот пијанист Ланг Ланг.