Кои се ВИП гостите од свеченото отворање на Ист Гејт Мол?

by Fokus

Ист Гејт Мол, најголемиот трговски центар во земјава, од денес ја отвори портата за сите посетители, откако синоќа се случи свеченото отворање.

На истото присуствуваа голем број на гости од политиката, бизнисмени, но и ВИП гости.

Околу тоа, кои беа ВИП гостите на настанот, некои од нив и самите споделија фотографии на социјалните мрежи.

-Време за шопинг за ВИП – напиша водителот Зоран Василевски под фотографијата направена на паркинг просторот во молот, на која позира со Лила Филиповска.

За ,,Фокус” вели дека покрај нив, помеѓу ВИП посетителите од естрадата на свеченото отворање биле и поп пејачките Елена Петреска, Викторија Лоба и Каролина.

Лоба е заштитно лице на брендот ,,Мохито” кој отвори своја продавница во Ист Гејт Мол, а пак Гочева на брендот за италијански накит ,,Ребека” кој исто така отвори своја продавница во трговскиот центар.

Ист Гејт Мол се простира на пет нивоа, а проекциите навестуваат годишен број на околу 12 милиони посетители. Инвестиција е на Балфин Групацијата (Balfin Group), чие портфолио опфаќа многубројни сектори како недвижнини, туризам, енергетика, банкарство, и многу други. Балфин Груп (Balfin Group) е присутна на австрискиот, албанскиот, косовскиот, босанскиот (БиХ), македонскиот, холандскиот и црногорскиот пазар.

Започнувајќи од денес, Ист Гејт Мол на секој посетител ќе му посакува добредојде со пораката, „Ти си центар“- порачуваат од молот.

Вики Клинчарова

Поврзани новости