Кои се симптомите на омикрон?

by Fokus

Најновите податоци од Јужна Африка покажуваат дека омикронот е двојно заразен од сојот делта, што е причина за дополнителна загриженост. Се проценува дека сојот делта е околу 40 отсто позаразен од варијантата алфа, а бидејќи алфа е околу 50 отсто позаразна од претходните варијанти, значи дека делта е двојно позаразна од т.н. див, вухански тип на вирусот.

Со оглед на тоа што и понатаму непречено се шири низ светот, станува сè потешко да се препознае за која варијанта на вирусот станува збор и да се издвојат симптомите од обичната настинка и другите инфекции со ковид-19.

Доктор Роберт Квигли, директор на медицинската компанија „International SOS“, објаснил дека оние кои се заразиле со омикрон многу порано ја забележуваат појавата на симптомите, што не е случај со другите варијанти.

„Кај повеќето луѓе кои се вакцинирале и со бустер доза и сепак се заразиле со вирусот, се појавуваат благи симптоми кои се совпаѓаат со воспалението на горните дишни патиша“, додал тој.

Ова се симптомите што треба да ги запометите и навреме да ги забележите:

– Кашлица
– Замор
– Запек

Сепак, кај невакцинираните луѓе, симптомите може да бидат многу посериозни.

Доктор Карол Фрајбергер, лекарка во болницата „Сент Лука“, изјавила дека видела и пациенти кои примиле 3 дози од вакцината и доживеале само благи симптоми како настинка, кога станува збор за варијантата омикрон.

„Знаете како се чувствувате кога имате силна настинка, изморено и исцрпено и веројатно имате слични симптоми на настинка ако сте се заразиле со омикрон“, додава докторката и истакнува дека станува збор за разлика кога ќе се спореди првиот сој на вирусот каде се појавува висока телесна темепература, силна кашлица и болка во телото тоа беа главните симптоми на болеста.

„Слободно може да се каже дека идејата за болест која што се манифестира првенствено во горните дишни патишта е точна“, додалРоланд Елилс, биолог од институтот во Берлин.

Затоа, се чини дека варијантата омикрон се реплицира многу побрзо од претходните варијанти, а ако заразено лице во себе носи големи количини на вирусот, има поголема веројатност да зарази друго лице, особено ако таа личност не е вакцинирана.

Вакцинираните поединци имаат поголема веројатност да имаат благи симптоми, доколку воопшто се појават, бидејќи вакцината делува така што активира голем број одбранбени средства на имунолошкиот систем, што го отежнува омикронот да продре во телото.

Поврзани новости