Кои се музичарите кои заработија вртоглави суми во 2021 година?

by fokus

Кризата предизвикана поради панедмијата со корона вирус, очигледно немала големо влијание кога се во прашање заработките на познатите музичари. Милионски суми легнале на сметките на многу од нив, а списанието ,,Rollingstone” ја објави листата со најплатените.

Во првите десет, се наоѓаат дури девет мажи и само една жена. Како музичар со најголема заработка во 2021 година е Брус Спрингстин, кој инкасирал 590 милиони долари.

Веднаш зад него се наоѓа Џеј Зи со заработка од 470 милиони, а на третото место е Пол Симон со заработени 260 милиони долари.

Како единствена жена во првите десет, на десеттото место е Тејлор Свифт со заработени 80 милиони долари.

Како што пишува музичкото списание, Спрингстинг остварил најголема заработка од продажба на неговиот музички каталог, кој се состои од 20 албуми, 300 песни и многу снимки во живо.

Вики Клинчарова

Поврзани новости