Кои се луѓето во Комисијата за заразни болести?

by Fokus

Веќе три месеци, поточно откако настапи корона кризата во земјата редовно слушаме за Комисијата за заразни болести, односно тие се луѓето во кои сите се крстат и кои предлагаат на владата кога и колку да се затегнат и олабават мерките, односно тие ги даваат предлозите за полицискиот час, за затворање и отворање на угостителските објекти, за можноста за избори…

Секојдневно слушаме дека начинот како ќе функционираме понатаму ни зависи од одлуките на Комисијата, но никој со име и презиме не ги кажува луѓето кои ја сочинуваат таа комисија. Всушност, Комисијата за заразни болести ја соочинуваат 21 член, кои секој ден на утрински состанок ги дебатираат бројките на заболени, починати, односно колку е алармантна состојбата со опасниот вирус.

Како членови на Комисијата се Жарко Караџоски и Владимир Микиќ епидемиолози од Институтот за јавно здравје, потоа тука е Сузана Матевска, преставник од министерството за здравство, државниот секретар во министерството Владимир Милошев, како и директорот на детската болница Козле, Ангелчо Андоновски, директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ и доктор Ирина Бухова Сотирова, прв човек на ДСЗИ. Исто така во комисијата е и Љубица Тасева  од кабинетот на Филипче, додека пак Зоран Стојановски е државен советник и главен за превентива во ресорното министерство. Во Комисијата е и Ванчо Новоселски како преставник на Агенцијата за храна и ветеринарство, како и директорот на Институт за јавно здравје Шабан Мемети.

Тоа што е чудно во целата приказна е што ретко некој од нив да излезе во јавност и да ги сподели ставовите на комисијата, тоа секогаш во нивно име го прави министерот Филипче.

Ирена Мулачка

 

 

 

 

Поврзани новости