Кои се кандидатите за заменици-министри на ВЛЕН?

by Фокус

Познатите се кандидатите за заменици министри од партиите од владејачката коалиција „Вреди“. Беса го предлага Седат Сулејмани за заменик-министер во Министерството за култура и туризам.

Алтернатива за заменик-министер во новото Министерство за спорт ја предложи поранешната пратеничка Сафие Садики Шаини, а за заменик-министер во Министерството за образование и наука, Љуљзим Аљиу.

Демократското движење на Изет Меџити има двајца заменици министри, и тоа во Министерството за внатрешни работи е предложен Муамет Амети, а за транспорт и врски – Каљтрина Зеколи.

Поврзани новости