Кои се двата проблеми на ЕУ според Ковачевски?

by Fokus

 Клучна одлука сега е да се прати јасна порака со храбра одлука за Западен Балкан за тоа како да се продолжи понатаму после јуни, нагласи денеска премиерот Димитар Ковачевски на панелот „Сега или никогаш: Откривање на европската иднина за Западен Балкан“ во рамки на Форумот ГлобСек во Братислава.

Како што рече Ковачевски, ЕУ сега има два проблеми, едниот се одлуките за Западен Балкан, каде што ако не се донесе одлука кредибилитетот и важноста ќе и опадне и во моментот кога тие ќе опаднат национализмот ќе почне да расте, што е нешто што може да се случи, а ние не сакаме да го видиме тоа.

Од друга страна, наведе премиерот Ковачевски, процесот за Молдавија, Грузија и Украина веројатно ќе биде сосема поинаков процес, што може да видиме И од изјавите од претседателството на ЕУ и некои други претставници од институциите на Унијата, процес за држави кои се уште немаат капацитет и способности да започнат со преговори за пристапување во ЕУ.

Пристапувањето кон ЕУ, потенцира Ковачевски, требаше да биде процес  што се заснова на заслуги и државата треба да ги имплементира вредностите на ЕУ, како што се демократијата, економскиот просперитет и социјалната правда. Во нашиот случај, појасни премиерот, 45 проценти од законодавството е усогласено и ако ја споредиме државата со други земји кои веќе преговараат неколку години, тогаш во различни поглавја ние сме многу подобри. Ако ги земеме последните пет извештаи на Европската комисија за напредокот на земјата, истакна Ковачевски, може да видите дека сите тие се позитивни.

Поврзани новости