Кои се членовите на Судскиот совет: Верници во Господ, кои семејно негуваат претприемнички дух и љубов кон накит и оружје!

by fokus

„Фокус“ прави анализа на анкетните листови на членовите на сегашниот состав на Судскиот совет, од кои сите бараат оставка. Меѓу нив има и членови со скромен имот, а најдолги имотни досиеја имаат сопругите на бизнисмени. Може да се сретнат и љубители на накит, слики, оружје…

 Пишува: Фросина ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ

Сашко Георгиев е верник, верува во Господ, верува во себе и во неговите колеги од Судскиот совет. Но, дури 72 проценти од судиите што одговориле на анонимната анкета што ја спроведе ОБСЕ не веруваат дека ова тело ја штити нивната независност, а на Георгиев не му веруваат ниту судиите Зоран Герасимовски и Мирјана Радевска- Стефкова, кои поднесоа оставки.

Холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп го прогласи Судскиот совет за нелегитимно тело, судиите не му веруваат, Коалицијата „Сите за правично судење“ го повикува целиот состав да даде оставка, а последно – министерот за правда, Кренар Лога, најави законски измени со кои ќе им престане мандатот на сите членови од овој состав.

Но, сегашниот состав како да живее на друга планета, упорно верува во Господ и во себе. По контроверзното разрешување на поранешната претседателка Весна Дамева, сегашниот состав ја стави на „обвинителна клупа“, сега ги извадија бизнисите на нејзиниот сопруг и сѐ што не можеле додека била претседател. И тоа е легитимно, но легитимно е и нејзиното барање „Тресете ме цела, но тоа и да важи и за другите членови“.

„Фокус“ анализира кои се членовите на овој фамозен состав, како биле избрани и што пријавиле во своите анкетни листови? Советот е составен од 15 членови, по функција членови се претседателот на Врховниот суд и министерот за правда, што значи за секоја одлука гласаат и одлучуваат останатите тринаесет.

Двајца од овој состав, и тоа избрани од редовите на судите, дадоа оставки, па останаа да одлучуваат единаесет. Шестмина биле судии, а петмина се избрани во Собранието, од кои двајца се на предлог на претседателот.

Од она што го пријавиле во анкетните листови, на прв поглед, најбогати се жените-членки на Советот, Дамева и судијката од Струмица, Лорета Горгиева. Но, нивните анкетни листови, како и тој на претходната претседателка, Павлина Црвенковска, не се полни со имот на нивно име, туку имот и удели во фирми на нивните сопрузи.

Целиот текст прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.

Поврзани новости