683
За Уште четворица нови амбасадори е завршена процедурата и во најскоро време тие ќе заминат во македонски дкп-а. Зекир Рамчиловиќ ќе биде нов амбасадор во Подгорица, Јово Манасијевски во Анкара, Виктор Димовски во Париз и Зулфи Исмаили во македонската мисија во ЕУ во Брисел, објави министерот за надворешни работи Бујар Османи.
Османи најави и евалуација на работата на актуелните амбасадори за периодот септември 2021-септември 2022 и не се исклучува отповикување ако не ги исполнуваат критериумите.