Кои ќе бидат кандидати за градоначалници во Берово, Делчево и Пехчево на локалните избори?

by Fokus

Политичките партии финишираат со листите за кандидатите со кои ќе влезат во трката за градоначалници на престојните локални избори што ќе се одржат на 15 октомври, годинава.

Според нашите информации, во Берово кандидатури од редовите на СДСМ поднеле двајца кандидати Звонко Пекевски, вработен во општина Берово, како и претседателот на општинската организација, Јованчо Матеничарски. Се уште не е пресечено кој од нив ќе избие и на 15 октомври ќе ја води битката за градоначалничкото столче во оваа општина, но според досегашните анкети Пекевски котира подобро. Тој беше кандидат за градоначалник и во 2013 година.

Актуелниот градоначалник Драги Наџински од редовите на ВМРО ДПМНЕ, пак ќе се обиде да ја добие внатрепартиската поддршка, каде ќе има конкуренција во претседателот на општинската организација во Берово, Никола Атанасов, кој исто така има амбиции за градоначалнички мандат.

Неизвесна трка за градоначалничката фотеља се очекува и во Делчево, каде од СДСМ според најавите ќе се борат Горан Трајковски и Горан Георгиевски. Актуелниот градоначалник на Делчево, Дарко Шехтански постои можност повторно да биде кандидат за градоначалник во Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Во Пехчево, град кој за важи за „вмровски“ за градоначалничкото столче најверојатно пак ќе се бори  Игор Поповски, но од истата партија кандидатура поднел и Ванчо Апостоловски, актуелен претседател на општинската организација во Пехчево.

Од друга страна, во Пехчево од редовите на СДСМ кандидатури поднеле претседателот на општинската организација Драган Тренчовски и Борче Бојчовски, активен член на СДСМ.

 

 

Поврзани новости