Кои хороскопски знаци ќе ја запознаат љубовта на својот живот оваа есен? by Fokus 16.09.2022 од Fokus 16.09.2022 482 Есента е период на големи промени на сите полиња. Астролозите истакнаа кои четири знаци имаат најголеми шанси до зима да ја сретнат љубовта на својот живот. Токму во ова годишно време најмногу се менуваат работни места, други се унапредуваат, некои решиле да застанат на „лудиот камен“, некои дека единствено решение е разводот… Промените се сигурни, за некои подобри, за некои подрастични, но сигурно е дека ништо нема да биде исто. Ова се 4-те хороскопски знаци кои имаат најголеми шанси да ја запознаат својата сродна душа до зима! Близнаци Многу работи ќе бидат во ќорсокак, но не и љубовниот живот! Имате голема шанса до зима да ја запознаете личноста на вашиот живот! Многу Близнаци, пак, ќе се помират со бившиот партнер, но астролозите советуваат дека е подобро се да оставите во минатото и да не се обидувате да градите таму каде што нешто е срушено. Универзумот сигурно ве води до вистинската личност. Девица После предизвикувачки период, на Девиците доаѓа период на големи промени во личниот живот. Оние кои долго време се сами, Универзумот ќе ги награди со нова љубов која ќе им ги излечи сите стари рани. Доколку сте во врска која долго време е во криза, крајот на годината може да биде клучен. Ако не работите на комуникација, некој од вас можеби ќе ја бара среќата на страна, а тоа значи дефинитивен крај. Стрелец За претставниците на овој знак крајот на годината носи многу убави работи на љубовно поле! Оние кои се сами ќе запознаат нови, интересни луѓе. На нив ќе биде само да изберат со кого подобро се согласуваат. Ако сте во стагнантна врска, ова е одлично време да ги насочите работите. Потребно е време, бидете трпеливи и работете на тоа вашата врска да биде поотворена и помалку да се контролирате еден со друг. Се ќе се реши до зима! Водолија Водолиите кои се сами ќе имаат можност да започнат нова романса. Добри се шансите тоа да не биде само минлива авантура за паметење, туку личност со која можете да започнете врска која има потенцијал да трае. Ако сте во брак, на почетокот на зимата ќе цветаат заспаните чувства. Партнерот и вие ќе се согласите дека е време да се зближите еден со друг, да започнете страсти. Патувањето е начин повторно да откриете што ве натерало да се заљубите во него. 0 FacebookTwitterPinterestEmail претходна вест Во украинскиот град Изум пронајдена масовна гробница со над 440 тела следна вест Обвинителството бара притвор за маж и жена од Бугарија кои измамиле скопјанка за 8.000 евра Поврзани новости Сеул: Северна Кореја ги разнесе патиштата кон Јужна... 15.10.2024 Студено утро, попладне сончево и релативно топло 15.10.2024 Давитковски: Секоја партија кога е во опозиција бара... 14.10.2024 Мицкоски: Германија останува наш сојузник 14.10.2024 Димитровска: Престојот и патот на синот на премиерот... 14.10.2024 Повреден е маж во пукањето во Чаир, напаѓачот... 14.10.2024 Пукање во Чаир 14.10.2024 Кина се закани: Доколку е потребно ќе преземе... 14.10.2024 Од Нова Градишка почна ултрамаратонот во чест на... 14.10.2024 Со ,,Свежо ампутираната рака на Сатријани” спектакуларно се... 14.10.2024